Билтен
Додаток
 

ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ

Член 1 При склучување на секое обложување од една страна учествува организаторот, кој според одобрението од Министерството за финансии е овластен да организира обложување, а од друга страна учествува играчот во обложувањето. Наведените страни склучуваат еднократен договор за учество во играта, а врз основа на овие Правила кои се единствена законски исправна основа на тој договор.

Член 2 Учесник во обложувањето е физичко лице кое склучило договор за обложување со Организаторот назначен во член. 3 од овие правила. Доказ за склучениот договор е потврдата за уплатен износ (во понатамошниот текст: ТИКЕТ). Со самата извршена уплата играчот потврдува дека ги признава овие правила и истите ги прочитал пред да изврши уплата и во целост го разбира нивното значење. Во обложувањето не може да учествуваат лица помлади од 18 години, па со таа цел организаторот има право да побара од играчот документи за идентификација. Организаторот го задржува правото да не прими уплата од било кое лице не објаснувајќи ги притоа причините за таквата одлука.

Член 3 Непознавање на одредби од овие правила или нивно субјективно толкување не го поништуваат обложувањето. Во случај на спор не се зема во предвид околноста дека играчот не ги познавал правилата.

Член 4 (опис и времетраење на обложувањето)
1. Обложувањето е игра во која играчот го погодува исходот на поединечни или екипни спортски натпревари, музички, филмски и слични натпревари, разни избори на мис како и останати настани и натпревари предложени од страна на организаторот. Обложувањето се смета исклучиво како игра на среќа.
2. Уплатите се примаат врз основа на понудата за обложување објавена во Билтен (се издава секој вторник и петок) и во Додаток на Билтен (се издава секој ден), издадени од страна на организаторот. Понудата за обложување е од информативен карактер и сите податоци се подложни на промени од страна на организаторот. Организаторот покрај понудата може да даде и додатни информации(НТ - неутрален терен, резултат од први натпревари, се игра ли купот еден или два натпревари и слично), меѓутоа овие податоци се од информативен карактер и евентуална грешка од страна на организаторот не влијае врз исправноста на обложувањето. Секој настан даден во понудата за обложување има одреден сооднос (во понатамошниот текст: КОЕФИЦИЕНТ) одреден од организаторот. Висината на коефициентот за секој настан ја одредува организаторот по слободна проценка, а притоа земајќи ги во предвид информациите за екипите или поединецот кои учествуваат во тој настан. Коефициентот го одредува соодносот помеѓу влогот и можната добивка. Можната добивка се пресметува така што ќе се помножи вкупниот коефициент на обичен тикет со износот на уплатата, на пр.: ако вкупниот коефициент е 5,00 а уплатата изнесува 100 денари ќе му бидат исплатени 500 денари.
3. Пред секој почеток на обложување организаторот јавно ја објавува понудата која ги содржи следниве податоци:
· датум и време до кога се прима уплата за секој настан
· број и вид на настанот
· висина на коефициентот за секој настан
· име (назив) на учесникот во настан
· евентуални ограничувања
4. За натпреварите и настаните организаторот приредува различни обложувања, како на пример:
· точен резултат (се означува со 0), минимум 1 натпревар.
· конечен тип, победник на натпреварот (се означува со 1), можни типови (тип 1-победа на домаќинот; тип Х-нерешен исход; тип 2-победа на гостинот), минимум 4 натпревари, освен за играта фудбал каде што условот се исполнува со 3 натпревари ако се типувани Х или 2.
· двојна шанса (се означува со 2), можни типови (1Х, Х2 или 12) за оваа игра минимум е 4 натпревари.
· вкупно голови (се означува со 3), се погодува бројот на голови на целиот натпревар или на дел од натпреварот можни типови ( р1+; р2+; v2+;v22+, 0-1; 0-2; 2-3; 3+; 4+; 4-6; 5+; 7+) минимум 2 натпревари.
· дава не - дава гол, дали одредена екипа ќе постигне гол или не (се означува со 4), можни типови ( 1 - дава гол; 2 - не дава гол ), минимум е 4 натпревари од кој барем 2 да бидат не дава гол.
· прво полувреме, прва третина, прва четвртина и сл. ( се означува со 5) се погодува исходот на крајот од првиот дел на натпреварот, можни типови (тип 1- водство на домаќинот; тип Х- нерешен исход; тип 2- водство на гостинот), минимум 4 натпревари.
· полувреме - крај, се погодува исходот на крајот од првиот дел на натпреварот во комбинација со конечниот исход (се означува со 6) можни типови ( 1-1 - водство на домаќинот / победа на домаќинот; 1-Х- водство на домаќинот / нерешен исход; 1-2- водство на домаќинот/победа на гостинот: Х-1 - нерешен исход / победа на домаќинот; Х-Х - нерешен исход / нерешен исход; Х-2 - нерешен исход / победа на гостинот; 2-1 - водство на гостинот /победа на домаќинот; 2-Х-водство на гостинот/нерешен исход; 2/2-водство на гостинот / победа на гостинот), минимум 2 натпревари.
· паѓаат повеќе голови во полувреме, се погодува во кое полувреме ќе бидат постигнати повеќе голови (се означува со 7) можни типови (тип 1 - паѓаат повеќе голови во прво полувреме; тип Х - еднакво голови во двете полувремиња; тип 2 - повеќе голови во второто полувреме ), минимум е 3 натпревари.
· прв дава гол, се погодува која од екипите прва ќе постигне гол на натпреварот (се означува со 8) можни типови (тип 1 - прв гол за домаќинот тип Х- нема погодок на натпреварот; тип 2 - прв гол за гостинот), минимум 4 натпревари.
· вкупно голови во лига, се погодува колку вкупно голови ќе бидат постигнати на натпреварите од одредена лига (се означува со 9) можни типови (помалку, точно или повеќе од бројот кој што организаторот го одредил како граница), минимум 3 лиги.
· типување без нула, (се означува со ‡) се погодува конечниот исход на натпреварот при што играчот како опции за типување ги има само тип 1 и тип 2, односно победа на домаќинот или гостинот. Во случај натпреварот да заврши нерешено се пресметува коефициент 1,00 за тој натпревар без оглед како типувал играчот во оваа игра, минимум 4 натпревари.
· хендикеп натпревари, се погодува конечниот исход на натпреварот врз основа на замислена предност на една од екипите, минимум за оваа игра е 4 натпревари (на еден тикет неможе да се типува истиот пар на конечен тип и со хендикеп).
· замислени натпревари, се погодува победникот на натпревар кој го задал организаторот, а победник на тој натпревар е оној тим кој што има постигнато повеке голови без разлика во кое првенство се натпреварува.
· вкупно голови во хокеј, (се означува со +) се погодува бројот на голови на целиот натпревар, можни типови (помалку, точно или повеќе од бројот кој што организаторот го задал како граница), минимум за оваа игра е 3 натпревари.
· вкупно кошеви во кошарка, (се означува со +) се погодува бројот на кошеви на целиот натпревар, можни типови (помалку,точно или повеќе од бројот кој што организаторот задал како граница) минимум 3 натпревари.
· вкупно голови во ракомет, ( се означува со +) се погодува бројот на голови на целиот натпревар, можни типови (помалку,точно или повеќе од бројот кој што организаторот задал како граница) минимум 3 натпревари.
· СУПЕР СИНГЛ - сите зададени случувања може да се играат само како сингл (поединечно) и не може да се комбинираат со останатите игри од Билтенот. За сите игри важечки е исходот во регуларните 90 минути, освен во случај кога организаторот уште во понудата ќе назначи поинаку. Во игрите каде што играчот се обложува на одреден натпреварувач од екипата, обложувањето важи само во случај ако натпреварувачот активно учествува во играта, доколку тој седи на клупата за резерви и не влезе во игра се смета дека тој не учествувал во играта и за тој влог се пресметува коефициент 1,00. За играта прв стрелец не се зема во предвид доколку играчот постигне автогол.

Член 5 (правила за одредени спортови и настани)
ФУДБАЛ, КОШАРКА, РАКОМЕТ, ХОКЕЈ И СЛИЧНИ СПОРТОВИ КОИ ИМААТ ДЕФИНИРАНО ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ
За конечен исход на настанот секогаш се зема во предвид резултатот постигнат во реуларниот дел на натпреварот, освен во случај кога уште во понудата организаторот ќе назначи поинаку. Никаква измена или одлука на комисија донесена подоцна не се зема во предвид. Доколку некој натпревар се откаже, одложи или прекине и истиот не се одигра до крајот на колото (под коло се подразбира периодот за кој важи издадениот билтен ) се пресметува со коефициент 1,00 за сите видови на игри, освен за играта вкупно голови во лига каде се пресметува точно 2 гола за тој натпревар ( доколку натпреварот не се одигра ) или онолку голови колку што се постигнати до времето на прекинот на натпреварот (доколку натпреварот се прекине). Во случај да се одложат половина и повеќе натпревари од лигата, за таа лига се пресметува коефициент 1,00. Ако одложениот или прекинат натпревар се одигра заклучно со последниот ден на колото важечки е постигнатиот резултат за сите видови игри.
ТЕНИС И СЛИЧНИ СПОРТОВИ КОИ СЕ ИГРАТ ДО ОДРЕДЕН РЕЗУЛТАТ
За конечен исход на настанот се зема резултатот одреден со службено објавување. Ако натпреварот започне но не заврши (повреда, откажување или дискфалификација и слично на еден од натпреварувачите) за победник се прогласува оној натпреварувач кој оди понатаму во следното коло. Ако некој од натпреварувачите се откаже пред натпреварот да започне, за тој натпревар се пресметува коефициент 1,00. Ако натпреварот се прекине (дожд, невреме и слично) се чека тој да се одигра без разлика дали е тоа во рамките на тековното коло или не.
ОДБОЈКА
За конечен исход на настанот се зема резултатот одреден со службено објавување. Ако натпреварот се откаже, одложи или прекине и истиот не се одигра до крајот на колото се пресметува коефициент 1,00. Доколку одложениот или прекинат натпревар се одигра заклучно со последниот ден на колото важечки е постигнатиот резултат за сите видови игри.
СКИЈАЊЕ И СКИ-СКОКОВИ
За конечен исход на настанот секогаш се зема редоследот одреден со првото службено објавување, никаква измена или одлука на комисија донесена подоцна не се зема во предвид. Доколку натпреварувачот се откаже пред да започне натпреварувањето се смета дека тој не учествувал во натпреварувањето и за тој натпреварувач се пресметува коефициент 1,00.
ФОРМУЛА
За конечен исход на настанот секогаш се зема редоследот одреден со првото службено објавување, никаква измена или одлука на комисија донесена подоцна не се зема во предвид. Доколку натпреварувачот се откаже пред да започне натпреварувањето се смета дека тој не учествувал во натпреварувањето и за тој натпреварувач се пресметува коефициент 1,00. Се смета дека натпреварувачот учествувал во трката доколку се појави на стартот или се вклучи во трката по стартот (стартува од бокс).
АТЛЕТИКА
За конечен исход на настанот секогаш се зема редоследот одреден со првото службено објавување, никаква измена или одлука на комисија донесена подоцна не се зема во предвид. Доколку натпреварувачот се откаже пред да започне натпреварувањето се смета дека тој не учествувал во натпреварувањето и за тој натпреварувач се пресметува коефициент 1,00.
БЕЗБОЛ
За конечен исход на натпреварот се зема резултатот остварен и после евентуалните продолжетоци. Никакви одлуки и измени донесени подоцна не се земаат во предвид. Ако натпреварот се откаже, одложи или прекине не се чека крајот на колото туку се пресметува коефициент 1,00 наредниот ден. Доколку во еден ден се играат два натпревари помеѓу исти екипи во предвид се зема резултатот од првиот натпревар, освен ако организаторот во понудата не објавил поинаку.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Организаторот може да понуди за обложување и натпревари кои биле прекинати и повторно се доигруваат под услов да го објави новиот термин и коефициентите кои се важечки за тој натпревар. Доколку некое натпреварување или трка се прекине (формула, скијање, ски скокови, безбол и слично) и не се одигра до крај, а и покрај тоа бидат објавени службени резултати, исплатата ќе се врши според тие службени резултати. На тој начин постигнатите резултати се полноважни поради фактот дека натпреварувачите го започнале натпреварувањето. Ова правило не важи за натпреварите со дефинирано време на траење фудбал, кошарка, хокеј и слично) како и за тенис, одбојка и слично.

Член 6 (обложување)
1. Потврдата за учество во обложување се испишува на тикет и ги содржи следниве податоци:
· име на организаторот, податоци за објектот и уплатното место
· датум и време на уплатата
· број на тикетот
· вкупниот износ на уплатата
· максимална можна добивка
· реден број и на натпреварот
· вид на игра и тип на натпреварот
· висина на коефициентот за секој натпревар На тикетот организаторот може да го испише и датумот и времето на почеток на натпреварот, но тие податоци се од информативен карактер и со ништо не го обврзуваат организаторот.
2. Постојат два вида на тикети: а) обични тикети - тикети кои содржат еден или повеќе настани. За да оствари право на добивка играчот треба да ги погоди сите настани. б) системски тикети - тикети кои содржат два или повеќе настани. За да оствари право на добивка играчот мора да погоди најмалку една комбинација од поставениот услов (на пр.: доколку играчот одбрал 5 натпревари и поставил услов од 3 натпревари, мора да погоди најмалку 3 натпревари за да оствари право на добивка).
3. За настан кој е неважечки (поништен) се пресметува коефициент 1,00, ако сите настани на тикетот се неважечки играчот има право на враќање на уплатените средства од страна на организаторот.
4. Уплатениот тикет играчот може да го менува или поништи (сторнира) истиот ден кога е уплатен, а најдоцна пред почетокот на натпреварот од тикетот кој прв започнува. Ако организаторот прекине да прима уплати за одреден натпревар, а истиот е веќе одигран на одреден број тикети, тие тикети не може да се менуваат или сторнираат иако натпреварот не е започнат. Секакви дополнителни приговори од страна на играчите нема да бидат уважени.
5. Организаторот има право за одреден натпревар да го ограничи бројот на комбинации или да прекине со примање уплати. Организаторот има право да ги промени претходно дадените коефициенти, а понудата со нови кофициенти јавно да ја објави во Додаток на Билтен и огласна табла.
6. Во случај организаторот да прими уплата на настан кој веќе е започнат или одигран, за тој настан се пресметува коефициент 1,00 за сите видови игри.
7. Во случај еден натпревар да се одигра со обратен редослед, односно предноста на домашен терен ја имала екипата што е наведена како гостин, а организаторот тоа не го назначил во понудата, за тој натпревар се пресметува коефициент 1,00. Ова правило не важи за натпреварувањата на неутрален терен (европски и светски првенства, разни турнири и слично) бидејќи се смета дека сите учесници на тие натпреварувања играат на неутрален терен(НТ) без разлика дали потекнуваат од државата (местото) каде што се одржува натпреварувањето.
8. Во случај еден натпревар да се игра на неутрален терен или турнир и притоа дојде до промена на местото на одигрување одиграните типови се валидни и понатаму.
9. Во случај на затварање на домашниот терен поради било која причина (одлука на комисија, неадекватен терен и сл) и префрлање на натпреварот на неутрален терен влоговите и понатаму се валидни и важат одиграните типови (на пр.: ако натпреварот Вардар - Пелистер наместо во Скопје се одигра во Куманово уплатените влогови се валидни).
10. Еден пар не може да се игра повеќе пати на тикет.
11. Организаторот не сноси одговорност и не прима жалби во врска со правилниот превод од странските јазици на називите на екипите, името и презимето на играчот, местото на одржување на настанот и слично.
12. Сите уплати кои ги примил организаторот валидни се само доколку се почитувани Правилата за игра.

Член 7 (минимална уплата,максимална исплата) Минимална уплата по тикет изнесува 50 денари, минимална уплата по комбинација изнесува 5 денари. Максимална исплата по тикет изнесува 300 000 денари. Доколку износот на можната добивка испишан на тикетот не е добро израчунат Организаторот ќе го исплати точно израчунатиот износ, до максималниот износ одреден со овие Правила. Ако по грешка Организаторот прими уплата која го надминува максималниот износ на играчот ќе му биде исплатен максималниот износ (300 000 денари) одреден со овие Правила. Играчот сам си го проверува износот на вратените или исплатените пари, дополнителни рекламации не се признаваат.

Член 8 (објава на резултати, исплата на добивки) Организаторот ги објавува резултатите на настаните најдоцна 7 дена од завршувањето на настанот. Резултатите од настаните Организаторот ги објавува јавно. При исплата на добивките се земаат во предвид резултатите запишани во централниот компјутер на организаторот. Добивката се исплаќа во објектот каде што е уплатен тикетот. Организаторот се обврзува да ги исплати добитните тикети наредниот ден по објавувањето на службените резултати, а најкасно во рок од 10 дена од објавувањето на службените резултати. Правото на исплата застарува во рок од 30 дена од денот на стекнување право на исплата. Исплатата на добивката ќе се изврши по доставување на оригиналниот тикет од страна на играчот. Тикетот не смее да биде оштетен и на него не смее да има никакви преправки. За да се изврши исплата валидни се само и исклучиво податоците од централниот компјутер на Организаторот, а обавезно и предадениот тикет според кој ќе се побараат податоците во компјутерот. Во интерес на секој играч е да го чува тикетот како не би го злоупетриболо трето лице, бидејќи еден тикет може да биде исплатен само еднаш (без доставување на оригиналниот тикет нема исплата). Фалсификување на тикет повлекува губење на правото на добивка и се казнува во склад со правните прописи на Република Македонија. Во случај на оштетување на тикетот право на исплата играчот ќе добие по решение на комисијата на Организаторот.

Член 9 Во случај на грешка од страна на Организаторот врзана за објавените коефициенти, времето и местото на одигрување на натпреварот, печатени грешки во понудата и слично, Организаторот го задржува правото тие натпревари да ги прогласи за неважечки и да пресмета коефициент 1,00 за истите. Во случај на грешка во називот или ознаките на натпреварувачите или екипите, а таа грешка битно влијае во суштината на обложувањето, тие натпревари организаторот има право да ги прогласи за неважечки и за нив да пресмета коефициент 1,00.

Член 10 Организаторот издава Билтен секој вторник и петок, а секој ден издава Додаток на Билтен во кој се содржани понудите и табели за лигите кои се предмет на обложување. Организаторот не сноси никаква одговорност за точноста на табелите.

Член 11 Играчите имаат право да поднесат жалба во рок од 7 дена од објавата на резултатите и листата на добивки, а Организаторот е должен да даде одговор на жалбата во рок од 30 денови.

Член 12 Во случај на спор помеѓу учесниците и Организаторот, кој не може да се реши во рамките на овие Правила надлежен е Основниот Суд во Скопје.

Член 13 Овие правила стапуваат на сила откако Министерството за финансии ќе даде согласност и истите ќе ги завери.

 

Betpoint Тикет   Додадете игра од табелите...
No. Игра Коеф. !
       
Вашата уплата...
Коеф: Добивка:

Бетпоинт препорачува
Developed by Betpoint Copyright © Betpoint 2010