Билтен
Додаток
 
Харгривс се враќа
Сер Алекс Фергусон потврди дека Овен Харгривс следната недела ќе настапи за резервниот тим на Манчестер Јунајтед.

Англискиот интернационалец е надвор од стројот од септември 2008 откако се соочи со чести повреди на колената.

Харгривс мораше да ги оперира двете колена кај познатиот доктор Ричард Стадеман во САД и паузираше околу 18 месеци.

Во септември минатата година тој се врати во Јунајтед и се најавуваше дека за неколку месеци ќе биде во полн фитнес.

Но неговото враќање на терените беше одложувано во неколку наврати за конечно тој следниот четврток да настапи за резервите на Јунајтед во дуелот со Манчестер Сити.

“Овен Харгривс за прв пат покажа дека е скоро подготвен за нас.” – рече Фергусон.

“Тој тренираше со првиот тим и ќе настапи за резервите следниот четврток.”

Фергусон исто така откри дека Вејн Руни е под знак прашалник за дуелот со Вулверхемтон откако напаѓачот одигра 90 минути за Англија, но Рио Фердинанд се враќа во составот.

“Потребно е да извршиме тестови врз Вејн бидејќи тој одигра 90 минути за Англија, нешто поради кое сум разочаран.”

“Тој претходно одигра еден час на теренот на Вембли во неделата а потоа и целиот натпревар во средата. Тоа е премногу. Тој сега е неизвесен.”

“Но Рио е повторно во тимот, што се добри вести за нас. Тој се враќа во добро време со оглед на дуелот со Милан следната среда.”

Ферги потврди и дека младиот Федерико Македа од следната недела ќе започне да тренира со првиот тим.

И Тевез со критики кон Тери
Играчот на Манчестер Сити, Карлос Тевез му порача на капитенот на Челзи.....
|
Сезоната заврши за Овен
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен нема да игра до крајот на сезоната...
|
Шпанците најскапи
Агенцијата Futebol Finance ја истражуваше сегашната цена на фудбалските ...
|
Волфзбург: Џеко чини 40 милиони евра
Генералниот директор на Волфзбург, Диетер Хенес вели дека Един Џеко може да замине од...
|
Неста го одбил Липи
Селекторот на Италија, Марчело Липи откри дека Алесандро Неста ја одбил понудата...
|


Betpoint Тикет   Додадете игра од табелите...
No. Игра Коеф. !
       
Вашата уплата...
Коеф: Добивка:

Бетпоинт препорачува
Developed by Betpoint Copyright © Betpoint 2010